Печати

Скопски регион

Во општина Чучер Сандево, патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест е непрооден поради снежните врнежи. Од утрово повторно има и прекин во снабдувањето со електрична енергија за жителите од овие села.

ЈСП Скопје известува дека поради лизгавоста на коловозот скратени се повеќе линии, а целосно не сообраќаат автобусите на линиите за селата Орланци, Грушино, Горно Количани, Долно Количани, Маркова Сушица, Држилово, Патишка Река, Страхојадица и Цветово.               

 

Битолски регион

Во општина Новаци сите патни правци во рамничарските населени места се проодни во зимски услови, а во моментот се работи на расчистување на патниот правец кон мариовските села (Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груниште).

Во општина Демир Хисар Сите патни правци се исчистени освен патните правци за селата Боишта и Радово кои се земјени патишта.

Во општина Прилеп, регионалниот пат Р 107 Прилеп – Витолиште делумно е  исчистен, а во текот на денот целосно ќе се чисти до с.Витолиште.

Локалните патишта кон селата во Мариовскиот регион: Бонче, Крушевица, Чаниште, Кален, Дуње, Вепрчани, Пештани, Кокре, Манастир, Бешиште и Полчиште сообраќај е можен само со теренско возило. Во текот на денешниот ден е планирано чистење на овие населени места.

Во општина Крушево, регионалните и локалните патни правци се проодни и сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашаст снег, а во некои делови е потребна и зимска опрема.

 

Струмички регион

Во општините Радовиш и Конче сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, додека во општините Струмица, Валандово и Гевгелија, патните правци се чисти и проодни.

 

Охридски регион

Во општина Струга сите локални патишта во надлежност на општината се проодни  освен патот од с.Вишни до с.Горна Белица, кој е во план денес да се чисти. Исто така и патот спрема Малесија е прооден до с.Мислодежда, а денес работи возило на патот за чистење до с.Збажди.

Во општина Кичево, патиштата до дел од населените места од Вранештичкиот и Друговскиот  регион се расчистуваат и сообраќајот се одвива во зимски услови. Во моментот се работи на селата од Рбетинска Река, на патниот правец од селата Мало Црско и Цер и кај патниот правец за селата Иванчишта, Душегубица и Кладник. Во текот на денешниот ден се очекува да ги исчистат и овие населени места кои во моментов се проодни само со теренски возила.

Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци кон селата Бенче, Битово, Волче, Заград и Ботушје. Денес на терен се чисти и планирано е во текот на денешниот ден да се пробијат патните правци кон горенаведените села.

 

Велешки регион

Од утрово вршено  е расчистување на патниот правец Велес – с.Раштани – с.Бузалково – с.Сливник, а исто така вршено е расчистување и од страна на с.Оризари преку с.Клуковец кон с.Сливник.

Во општина Кавадарци, поради наноси од снег во текот на денот се интервенира на патот кон с.Кошани и кон селата Шешково и Праведник.

Во општините Свети Николе и Лозово непроодни се патните правци за селата Малино, Крушица, Алакинци, Патетино, Орел и Павлешенци каде се работи на расчистување, но поради силен ветар чистењето е отежнато. 

 

Штипски регион

Во општините Штип и Карбинци, патните правци кон некои села кои се наоѓаат во ридско планинските предели се уште се непроодни (се врши достава со теренско возило по потреба). Екипите на ЈП од општините работат на расчистување на патните правци и во текот на утрешниот ден сите села ќе бидат проодни.

 

Кумановски регион

Во општина  Старо Нагоричане, поголема снежна покривка има во повисоките планински предели во Козјачијата и Карадачкиот планински венец и истите во голем дел се непроодни локални патни правци (претежно макадамски, селски патишта) кои ги поврзуваат со општините.

Прочистени се делумно патните правци само према Арбанашко каде сообраќајот се одвива во зимски услови и само за теренски моторни возила, додека кон останатите селски повисоки планински предели како селата Цветишница, Цвиланце, Жељувино и Дренак се прават напори за прочистување во наредните денови.

Во општина Липково регионалните и локални патни правци во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривака е поголема и се непроодни. Непроодни се локалните патни правци кон селата Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Руница, Стража и Стрима, но голем дел од селата се без население.

ЕЛС Крива Паланка известуваат дека од утринските часови  ги чистат локалните патни правци Крива Паланка – с.Градец, Крива Паланка – с.Станци, како и локални патишта во с.Мождивњак. Локален пат с.Огут – с.Нерав, прооден е само со теренски возила. Локален (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Дренак. Локален земјен пат с.Мождивњак – с.Борово е непрооден поради висина на снег, отесечено е с.Борово.Останатите локлани патишта кои водат кон селата во општината се проодни , но само со теренско возило.

Во општина Ранковце, регионалниот патен правец Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште, додека непрооден е до с.Герман. Од утринските часови ги чистат патиштата кон с.Отошница, а планирано е да се чистат локалните патишта кон с.Радибуш. Локалните патни правци (земјени) с.Петралица – с.Баратлија, с.Радибуш – с.Криви Камен и кон с.Милутинце, проодни се само со теренско возило. Регионалниот патен правец Ранковце (опш.Ранковце) – с.Крилатица (опш.Кратово) е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во с.Крилатица.

Во општина Кратово локалниот патен правец од Кратово до с.Каврак во планинскиот дел е под снежна покривка од 35 см и сообраќајот не се одвива. Сообраќајот на локалните патни правци во низинскиот дел се одвива со теренски возила до с.Коњух.

               

Тетовски регион

Во Тетовскиот регион сите патни правци се проодни, освен во општина Теарце, каде не е очистено кон планинските села Брезно, Јелошник, Варвара и Првце. Во овие места нема жители, освен некаде еден или двајца.

Во општина Маврово-Ростуше, во горнореканскиот регион очистени се патиштата кон селата Врбјане, Сенце и Нистрово, а се работи на чистење кон с.Сретково. Отсечени села нема.

               

               

Посети: 25