Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 17.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со помали остатоци од снег на коловозот. Забележани се мали одрони на правците Дебар-Маврово и Дебар-Струга кои редовно и брзо се расчистуваат.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 16.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег врне на  Попова Шапка, во Битола, Охрид, Ресен, Железнец, Демир Капија и на планинските премини Ѓавато и Буково.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:20 и дополнителен во 08:00 часот на ден 15.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Поради врнежи од снег во период од 18:50 до 05:50 часот на патниот правец крак Стража – Кичево имаше забрана за движење за тешки товарни возила.  Исто така забрана за движење на тешки товарни возила во период од 21:05 до 04:00 часот, имало на патниот правец Велес-Прилеп на превојот Плетвар.

Поради снежни врнежи воведена во 17:50 до 08:15ч часот беше воведена забрана за движење на ТМВ на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 13:00 ч. сообраќајот e нормализиран, изградена е трета лента во должина од 100 м. на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 12.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 20м. има на патниот правец Тетово – с.Лисец.

Според информација од ЈП Македонија Пат, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин  поради одрон. За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец  Р2345 Кочани - Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево. Дежурната екипа на Македонија Пат - Кочани се на терен и работат на расчистување на одронот.