Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 04.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Од 04:35 часот поради голем одрон во близина на поранешна фабрика Хив сообраќајот на патниот правес Велес - Градско е во прекин.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 04.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

На ден 04.03.2021 (четврток) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути, поради изведување на градежни работи на пат (минирање).

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 03.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Од ЦУКС известуваат дека поради асфалтирање со завршен слој на коловозот на ул.Македонско-Косовска Бригада, на ден 03.03.2021 година (среда), крстосницата со ул.Џон Кенеди ќе биде целосно затворена. Активностите ќе се одвиваат во период од 10:00 до 17:00 часот, па поради тоа на овој потег ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим, а сообраќајот до завршување на работите ќе се одвива по околната улична мрежа. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 02.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

На ден 02.03.2021 (вторник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00ч. – 15:00ч. во времетраење од 15 – 20 минути поради изведување на градежни работи на пат (минирање).