Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 16.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци:
Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

- крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

- Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.


На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Од Mеѓуградската автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај е речиси нормализиран кон сите градови освен кон Делчево и Македонска Каменица кон кои воопшто не се одвива.

Меѓународниот автобуски сообраќај е редуциран кон сите држави, освен кон Албанија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Белгија кон кои воопшто не се одвива.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 12:00 часот на ден 15.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци:

Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

- крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

- Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.


На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 15.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци:

Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар.

Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од  АМСМ известуваат дека од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.