Од ЈП Македонијапат известуваат дека од 13.45ч се укинува забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Струмица – Валандово.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 12:15 часот на ден 13.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од  07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар е воведедрна забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 12:00 часот поради голомразица е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струмица - Валандово .

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема  и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 13.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато.

Од 07:00 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец Неготино - Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 12.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Ситен снег врне на П. Шапка.

На 12.02.2021 од 12 до 15 часот, сообраќајот на патниот правец Пресека-с.Врбајни ќе биде привремено затворен во времетрање од 30 минути, поради минирање.