Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ до 06:00 часот на ден 23.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот. Врнежи од снег се бележат само на Маврово.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, како и патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од Македонија Пат известуваат дека околу 21:00 часот заради појава на 3 лавини на патниот правец Маврови Анови – Дебар кај манастирот Св.Јован Бигорски сообраќајот бил во прекин во двата правци. Во расчистување на лавините учествувале екипи на Ј.П Македонијапат, А.Д. Кнауф – Дебар, локалната самоуправа и машина на манастирот Св. Јован Бигорски. Сообраќајот е нормализиран околу 23:30 часот.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот сообраќај на релација Скопје - Велес и обратно не се одвива поради проблеми со системот и оптичката мрежа. Се работи на расчистување на проблемот но не се знае точно за колку време дефектот ќе биде отстранет.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ до 08:30 часот на ден 22.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата.

Поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, планинските премини, Пресека, Буково, како и патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 05:20 ч. е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Од 08:20ч. се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и Струга – Г.П. Ќафасан .

Од 08:30ч. се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража .

Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две сообраќајни ленти.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ до 22:00 часот на ден 21.03.2021 година се наведува дека поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, планинскиот премин Пресека, Стража, Ѓавато, Буково, Плетвар, на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 21.00ч  сообраќајот на патнит правец Р1202 Маврови Анови – Дебар е во прекин поради две лавини кај манастирот Св. Јован Бигорски, (пред и по бензинска пумпа на Макпетрол). Екипите на Ј.П Македонијапат, А.Д. Кнауф – Дебар, локалната самоуправа и машината на манастирот Св. Јован Бигорски  работат на расчистување на лавините и нормализирање на сообраќајот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и  присутна е сообраќајната полиција.