Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 14:50 часот на ден 21.03.2021 година се наведува дека поради интензивните врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на следните патниот правец:

Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 14.30 часот забрана за тешки моторни возила регионален пат Кичево Охрид кај Пресека
Од 14.30 часот забрана за тешки моторни возила на магистрален пат Охрид Гостивар кај Стража

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 12:00 часот на ден 21.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини. На целата територија на државата врне снег со променлив интензитет.

Поради врнежи од снег на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, од 9:30 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила.

Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 21.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини. На целата територија на државата врне снег со променлив интензитет.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 20.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

На патниот правец Неготино - Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.