Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 24.11.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на ден 24.11.2020 (вторник), на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање), сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци помеѓу 12.00 – 15.00 часот во времетраење од 15 – 20 минути.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Меѓуградска автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај и меѓународниот автобуски сообраќај се одвива редуцирано.   

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Авиосообраќајот се одвива редовно.