Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 17.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со помали остатоци од снег на коловозот. Забележани се мали одрони на правците Дебар-Маврово и Дебар-Струга кои редовно и брзо се расчистуваат.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од меѓуградската автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски и меѓународниот автобуски сообраќај се одвива редуцирано.

Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања.