Печати

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 19.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од РЦУК- Кочани известуваат дека поради вежбовни активности на ПС- Кочани на ден 19.01.2021 година од 08:00 до 16:00 часот,  патниот правец Кочани- Пониква ке биде во целосен прекин.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од меѓуградската автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај се одвива редуцирано, сеуште не се одвива автобускиот сообраќај кон Делчево и Македонска Каменица, а меѓународниот автобуски сообраќај  се одвива редуцирано со тоа што кон Црна Гора, Бугарија и Грција сеуште нема автобуска линија.

Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања.

Посети: 159