Од Македонијапат и АМСМ известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од 00:45ч поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 21.55ч поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Од 19.30ч поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга и обратно.

Од 18.50ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18.30ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Од 18.15ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар.

Од 18.20ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка - Г.П. Деве Баир.

Од 17.00ч поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан се воведува забрана за сообраќај на тешките товарни возила. За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.