Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 08:30 часот на ден 14.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од 08.30 часот на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

Од 00:45ч поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 21:55 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Од 19.30ч поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга и обратно.

Од 18.50ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18.30ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Од 17.00ч поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан се воведува забрана за сообраќај на тешките товарни возила. За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба  ако  условите на патот тоа го бараат.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

 

Од ЈСП Скопје известуваат дека поради врнежите од снег и лизгав коловоз повеќе градски и приградски линии се скратени  и не сообраќаат до своите крајни дестинации. До 17:00 часот на улиците на град Скопје биле фрлени околу 270 тони сол.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од меѓуградска автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај и меѓународниот автобуски собраќај се одвива редуцирано. 

Македонски Железници известува дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.