Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 15.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци:

Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар.

Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно, но отежнато во зимски услови.

Од Mеѓуградскиот автобуски собраќај известуваат дека имаат регистрирано одреден број задоцнувања на автобусите од западниот дел од државата.

Меѓународниот автобуски сообраќај  се одвива редуцирано.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања