Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 18.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни  коловози.Врнежи од слаб снег се бележат во Крива Паланка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Од Mеѓуградската автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај е речиси нормализиран кон сите градови освен кон Делчево и Македонска Каменица кон кои воопшто не се одвива.

Меѓународниот автобуски сообраќај е редуциран кон сите држави, освен кон Албанија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Белгија кон кои воопшто не се одвива.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања.

Од ЈСП Скопје, известуваат дека поради лизгавоста на коловозот по врнежите од снег скратени се повеќе линии, а на дел од линиите сообраќајот воопшто не се одвива. Исто така известува дека на ден 18.02.2021 година (четврток), од 09:00 до 15:00 часот попладне, екипи на Завод за Испитување на Материјали и развој на нови технологии „Скопје“ А.Д.Скопје, ќе извршат геодетско снимање и вадење на кернови на дел од бул. „Крсте Петков Мисирков“, па затоа на дел од булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе биде поставена на коловозот и тоа на  потегот  од крстосница со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“, при што ќе биде обезбеден нормален и безбеден тек на сообраќај за сите учесници во сообраќајот.  Апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.