Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 21.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Од Mеѓуградската автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај е речиси нормализиран кон сите градови освен кон Делчево и Македонска Каменица кон кои воопшто не се одвива.

Меѓународниот автобуски сообраќај е редуциран кон сите држави, освен кон Албанија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Белгија кон кои воопшто не се одвива.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања.