Печати

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 28.02.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Меѓуградската автобуска станица известува дека меѓуградскиот сообраќај се одвива редуцирано. Сообраќајот кон Делчево и Македонска Каменица не се одвива.

Меѓународниот автобуски сообраќај се одвива редуцирано.           

Авиосообраќајот се одвива редовно.

Посети: 5