Печати

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 03.03.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Од ЦУКС известуваат дека поради асфалтирање со завршен слој на коловозот на ул.Македонско-Косовска Бригада, на ден 03.03.2021 година (среда), крстосницата со ул.Џон Кенеди ќе биде целосно затворена. Активностите ќе се одвиваат во период од 10:00 до 17:00 часот, па поради тоа на овој потег ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим, а сообраќајот до завршување на работите ќе се одвива по околната улична мрежа. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Mеѓуградскиот автобуски сообраќај се одвива редовно.

Меѓународниот автобуски сообраќај се одвива редуцирано.          

Авиосообраќајот се одвива редовно.

Посети: 6