И во недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а од вторник ќе има пораст на дневната температура.