Вести

Одржана 49 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

На ден 27.10.2022 година се одржа 49 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ  на седницата  присуствуваа претставници од ЈП Македонија пат секција Кичево , ЈП Комуналњец Кичево и   касарната Кичево.

На седницата се дискутираше за  подготвеност на субјектите на локално ниво за справување со Поплави, интензивни снежни врнежи, снежни наноси и лавини, како и за мерките и преземање мерки за справување во случај на појава на овие видови опасности.

Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска во своето излагање истакна дека подрачјето на општина Кичево нема голема опасност од поплави поради структурата на самата местоположба на градот Кичево. Истакна дека временските прилики досега се добри но наша обврска е да бидеме подготвени и да се преземат сите превентивни мерки.

ЈП Македонија пат секција Кичево почна со подготовки и спремнo ја дочекува оваа зимска сезона 2022/2023. Овие денови очекува  да бидат донесени Годишниот акционен план  и програма по која работат. Нивната секција е една од поголемите и опфаќа околу 125 километри патна мрежа. Пункот Пресека  е задолжен за превојот Пресека, на релација од село Другово до Арбиново, а пунктот Кичево е задолжен за патните правци Кичево-Тајмиште, Кичево-Мак.Брод и Кичево-Прострање. Чистењето на патиштата ќе се одвива согласно акциониот план за зимско одржување на регионални и локални патишта.

                Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

  1. Надлежните институции да останат во постојана комуникација и координација
  2. Програмите за зимско одржување од ЈП Мак Пат и Општина Кичево да се достават до ПО РЦУК Кичево, а РЦУК Кичево во дигитална форма да ги достави до членовите на РШ.

Поврзани објави

Управувачкиот комитетот за координирање и управување со кризи имаше седница за состојбата со пожарите

Cuk Editor

РАБОТНИ СРЕДБИ ВО ЦУК ЗА КРАЕН ПРИЕМ НА СОФТВЕРОТ ЗА Е 112 ВО ДРЖАВАТА СО ЕВРОПСКИТЕ ИМПЛЕМЕНТАТОРИ

Cuk Editor

ОТСТРАНЕТА ОПАСНОСТА ОД МОСТ НАДВОЗНИК КАЈ СЕЛО ВОЈНИК, НА ПАТОТ МЕЃУ КУМАНОВО И КРИВА ПАЛАНКА

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе