Вести

РАБОТНИ СРЕДБИ ВО ЦУК ЗА КРАЕН ПРИЕМ НА СОФТВЕРОТ ЗА Е 112 ВО ДРЖАВАТА СО ЕВРОПСКИТЕ ИМПЛЕМЕНТАТОРИ

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), под раководство на директорот Стојанче Ангелов започнаа работните средби – процедурата за краен прием на софтверот за Системот за итни повици Е 112 во ЦУК. Работните средби во ЦУК, почнаа на 21.02.2023 година, со високи европски претставници на фирмите имплементатори на овој Европски проект во нашата држава заедно со директорот, раководството на Секторот Е 112 и државни советници во ЦУК и ќе трае до 24 февруари.

Големиот европски проект, преточен во дело, „Е – 112“ во ЦУК, при ова едногодишно функционирање се надоградува „во движење“, согласно потребите и можностите преку менаџирањето на актуелните функционери, директорот Стојанче Ангелов и заменик директорот, Екрем Зендели, а со голема поддршка на Владата и на Европската Унија.

Инаку, аспирациите за можното функционирање на Е-112 и во нашата држава, како и во Европа и Светот, датираат од формирањето на ЦУК од 2005 година, а и пред тоа, поточно од почетокот на функционирањето на 112 во Европската Унија од 1991 година. Но, поконкретните чекори почнаа од 2016-та година преку европски проект за воспоставување на телефонскиот број за итни повици, случаи, Е-112 во рамки на програмата за финансирање „ИПА 2“.

Со тоа, преку Европската комисија, претставувана од Делегацијата на ЕУ во Скопје, со овој проект што сега веќе и една година е реализиран, функционален и се доразвива во ЦУК, се придонесе да се исполни обврската на нашата држава за да се усогласи со европската директива 2008/113/ЕС при пристапните преговори со ЕУ, при што беше предвидено дека Е – 112 треба да биде целосно имплементиран.

Општата цел на тој процес на имплементација беше во насока да се зајакнат капацитетите на соодветните институции, за да се обезбеди континуирана координација, навремена реакција, ефикасно и соодветно искористување на расположливите можности и ресурси во случај на криза, како и навремена, квалитетна и реална проценка на ризици и закани за безбедноста на земјата.

Поврзани објави

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов гостуваше во „Дневник 2“ на Македонската Радио Телевизија на тема Пожари

Cuk Editor

Регионална работилница – „Управување со шумски пожари за зајакнување на климатската отпорност и безбедност“, во коорганизација на ОБСЕ, оддел за економски и еколошки активности (ОСЕЕА), Глобален центар за следење на пожари (GFMC) и Регионален центар за сл

Web Administrator

Kоординативен состанок за подготовка и согледување на реалните податоци за ресурсите и за можностите на институциите за борба против пожарите на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе