Итен повик: 112 Официјален портал за известувања и упатства во кризни ситуации

Координативен центар за спасување (RCC)

Информации, документи и регулатива поврзани со системот за пребарување и спасување (SAR)

Координативниот центар за потрага и спасување (RCC Skopje) е оперативен центар кој обезбедува организирање, координација и управување со операции за потрага и спасување на воздухоплови во неволја, во согласност со ICAO Annex 12 и IAMSAR Manual. Контакт: Центар за управување со кризи, ул. Димче Мирчев бр. 9, 1000 Скопје; тел. ++389 2 3249 228 / 3249 229.
PDF 234.0 KB
Во рамките на SRR-Skopje е воспоставен еден Координативен центар за потрага и спасување (RCC Skopje), составен од обучени и овластени лица од Центарот за управување со кризи, кои вршат непрекинато 24-часовно оперативно дежурство.
PDF 234.0 KB
RCC Skopje е надлежен за координација на сите воздухопловни операции за потрага и спасување во рамките на Search and Rescue Region (SRR) на Република Северна Македонија, кој ги опфаќа целокупниот воздушен простор и копнената територија на државата.
PDF 234.0 KB
SPOC е воспоставен во рамките на RCC Skopje и обезбедува 24-часовен прием и обработка на пораки од меѓународниот сателитски систем COSPAS-SARSAT за откривање и лоцирање на сигнали за опасност од ELT, EPIRB и PLB радиофарови.
PDF 234.0 KB
Закон за воздухопловство („Службен весник на РСМ" бр. 14 од 22.01.2024), со кој се уредуваат дејностите од областа на воздухопловството, вклучително и пребарувањето и спасувањето (SAR).
PDF 468.4 KB
Јавно достапни билатерални и регионални SAR договори и меморандуми за соработка
Информации за спроведени SAR обуки, вежби и други активности
Новости и известувања поврзани со функционирањето на SAR системот
Референци кон ICAO Annex 12 - Search and Rescue и ICAO/IMO International Aeronautical and Maritime Search and Rescue (IAMSAR) Manual како основни меѓународни стандарди
Линк до ажуриран AIP North Macedonia (GEN 3.6 - Search and Rescue), согласно извршените измени во организацијата, контакт-податоците и SAR системот