Вести

Еко-ДРР Проектот во посета на СОЗШУ “Ѓорче Петров” од Кавадарци

Во рамките на проектот за примена на “Екосистемски базирани решенија за намалување на ризици од катастрофи (Еко-ДРР)”, кој се реализира во соработка со Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), на 06.04.2023 година беше реализирана работна посета на Средното општинско земјоделско шумарско училиште (СОЗШУ) “Ѓорче Петров” од Кавадарци (http://www.sozsugjp.edu.mk/).

Оваа посета беше реализирана од страна на Заменик на главниот технички советник на проектот г-дин Јута Морикава и Д-р Стевко Стефаноски, Раководител на сектор во ЦУК и Раководител на проектот. Целта на посетата беше, учениците од Шумарската и дрвопреработувачката струка да се запознаат со Концептот на Еко-ДРР и да се презентираат активностите од овој проект кои се спроведуваат во Република С. Македонија во тесна соработка и стручна консултација со институциите од со шумарскиот сектор, како што се Министерството за земјоделстово, шумарство и водостопанство и Јавното претпријатије “Национални шуми”.

Преку оваа активност присутните учениците имаа можност подетално да се запознаат со практичната примена на екосистемските мерки за превенција и намалување на негативните ефекти од природни непогоди, да се информираат за теренските активности кои се реализираат на проектните локации на подрачјето на с. Коџалија во Радовишко и во близина повеќенаменската акумулација “Лисиче” во Велешко и како идни Шумарски техничари и Шумарски инженери да ги согледаат придобивките од теоријата и практиките на Еко-ДРР концептот.

Во текот на презентациите, учениците беа запознати со политиките и функционирањето на шумарскиот сектор во Јапонија и преку разговор и прашања имаа можност да добијат одговори за примената на овие практики во Јапнија како земја која постојано се соочува со големи предизвици во поглед на природни непогоди и катастрофи.

За реализацијата на оваа активност, Еко-ДРР проектот изразува благодарност до директорката на СОЗШУ “Ѓорче Петров” од Кавадарци, г-ѓа Ратка Росомански и Горан Сакалиев, Горан Сакалиев, професор по стручни предмети во областа на шумарството.

Поврзани објави

Одржана 49 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Web Administrator

Втор Регионален семинар во рамките на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)” поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – JICA

Cuk Editor

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЦУК – ЗА СИТУАЦИЈА СО МЕЧКИТЕ

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе