Пожари

Активни пожари 12.09.2023

На територијата на општина Долнени активни се следните пожари:

  • Кај с.Зрзе каде гори во два крака и тоа едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје. Опожарена е ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 14 пожарникари и 4 ПП возила и ЈП Национални шуми подружница „Црн Бор“ – Прилеп со 4 вработени со 1 теренско возило. Во текот на денот интервенирале и 2 воздухоплови на Дирекцијата за Заштита и Спасување.

Вчера во попладневните часови пожарот се приближил на околу 200 метри од првите куќи во с.Рилево, поради што во гаснењето се вклучило и месното население.

  • Во атарот на с.Кошино и истиот се шири во правец на с.Сланско (опш.Македонски Брод), каде гори ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 6 пожарникари и 2 ПП возила.
  • Од вчера активен е пожар на сува трева во атарите на селата Костинци и Зрзе, каде интервенираат ТППЕ Прилеп со 5 пожарникари и 1 ПП возило;

               Активен пожар на сува трева и нискостеблеста шума во с.Бељаковце, истиот се шири и во правец на с.Стрезовце. Интервенираат ТППЕ Куманово, со 8 пожарникари и 2 ПП возила, ТППЕ Старо Нагоричане со 8 пожарникари и 2 ПП возила, како и 3 лица од Црвен Крст.

              Активен пожар во атарот на с.Долна Ѓоновица. Опожарени се околу 30 ха дабова шума, ниска шума, ливади и грмушки. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Гостивар со 3 пожарникари и 1 ПП возило и 5 вработени во ЈП Национални Шуми, подружница Гостивар. Пожарот бил ставен под контрола, по што во вечерните часови екипите се повлекле од терен. Во текот на ноќта, дежурни останале 2 вработени од ЈП НШ.

Поврзани објави

Состојба со пожарите на отворен простор 30.7.2024

Cuk Editor

Состојбата со пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе