Вести

Презентирани сите активности коишто беа имплементирани и на терен од Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи „Eco-DRR“, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – (ЈИЦА JICA).

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов заедно со меѓународни високи претставници за кризен менџмент од Јапонија и од Балканот, беше на теренска обиколка на планината Плачковица од Радовишка страна над највисокото село Коџалија. Во рамките на завршниот Регионален семинар ,,Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи „Eco-DRR“, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – (ЈИЦА JICA), што се одржува во Скопје, се презентираа сите активности од проектот коишто беа имплементирани и на терен. Практично, се оствари теренска посета на проектната локација на подрачјето на Општина Радовиш, со цел да се согледа практичната примена на „Еко-ДРР“и конкретните стратшки мерки на терен за намалување на ризикот од катастрофи – во случајот од поројни поплави.

Конкретно, преку овој проект во Република Северна Македонија беа применети теоретски и практични мерки од концептот на екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR), со крајна цел да се намали интензитетот и фреквентноста на природни непогоди, како што се поројните поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, кои со децении наназад предизвикуваат големи физички штети, социо-економски последици и доведуваат до тешка деградација на природната средина.

Ангелов посочи дека Благодарение на заедничките интензивни активности на Центарот за управување со кризи, координирани од Стевко Стефаноски и одличната поддршка и соработка со JICA, од идната година во оваа Регионална програма ќе се приклучат Албанија и Босна и Херцеговина, а јас искрено се надевам дека и Република Србија ќе го стори истото, со што целиот регион ќе биде дел оваа ЈИЦА мрежа за соработка”.

Поврзани објави

Градење на Регионални капацитети за управување со ризикот со пожари на отворен простор во Западен Балкан

Cuk Editor

Одлука за избор на кандидати по основ на вработување на определено време

Web Administrator

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ВО ООУ ,,АТАНАС НИВИЧАНСКИ” ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе