Пожари

Состојба со пожарите на отворен простор 30.7.2024

Територијата на фронтот на пожарот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола,

Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна.

Вчера на територијата на цела држава регистрирани беа 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола, а 21 е изгаснат.

Поврзани објави

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Три активни пожари во општините Градско, Неготино и Ново Село.

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе