Вести

Центарот за управување со кризи презема конкретни чекори за градење на отпорност кон ризици од катастрофи

“Да ги направиме градовите отпорни 2030” (Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) претставува иницијатива за подобрување на локалната отпорност преку активности и мерки за споделување на знаења и искуства, воспоставување на мрежи за соработка,  обезбедување на техничка и експертска поддршка, поврзување на релевантните служби од од централната и локалната власт, градење на партнерства за соработка, како и други активности за намалување на ризиците од катастрофи кои имаат негативни влијанија за животот и здравјето на граѓаните, материјалните добра, инфраструктурата и економскиот развој на општините.

Препознавајќи ги овие можности и придобивки, општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Охрид се првите 3 општини кои во соработка со Центарот за управување со кризи превземаа конкретни чекори за приклучување на оваа иницијатива. За таа цел на 9 и 10 јуни 2024 година, со поддршка на УНДРР (Канцеларијата на Обидинетите нации за намалување на ризици од катастрофи за Европа и Централна Азија) беа одржани наменски работилници со цел да се согледа капацитетот и моменталните состојби на општината за исполнување на кретириумите и очекувањата од оваа Иницијатива.

На работилниците присуствуваа претставници од соодветните служби во рамките на општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Охрид, претставници од Центарот за управување со кризи и тематски експерт од УНДРР. За време на работилниците беше одговорен сеопфатен Прашалник врз основа на кој се определува моменталната состојба, односно се мери нивото на отпорност на општината и се доделува соодветна фаза на достигнување, како појдовна основа за понатамошните активности.

Исто така, од страна на тематскиот експерт е изготвен опширен Извештај кој ги опфаќа сите тематски области кои беа предмет на анализа и евалуација. Со извештајот се дадени соодветни препораки кои во наредниот период треба да се претворат во конкретни активности и да се постигнат видливи резултати.

Со оваа реализација на активности општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Охрид изразија подготвеност да се приклучат кон оваа иницијатива и практично се првите општини од Републиката кои официјално се приклучија на оваа глобална акција и со тоа заслужено се најдоа на објавените вести на Веб страната на УНДРР (North Macedonia take steps to enter the 2030s with greater resilience | UNDRR).

Повеќе активности во врска со Иницијативата MCR2030 се очекуваат од Септември оваа година.

North Macedonia take steps to enter the 2030s with greater resilience | UNDRR.

Поврзани објави

АНГЕЛОВ ВО ТРАНЗИТНИОТ ЦЕНТАР „ВИНОЈУГ“ НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА

Cuk Editor

Ангелов на Комитет за отпорност на НАТО во Брисел

Web Administrator

Седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе