Сервисни информации

Почувствуван земјотрес во Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 04 часот и 48 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани објави

Крводарителни акции

Cuk Editor

Крводарителни акции

Cuk Editor

Електроснабдување

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе