Кризни ситуации

ЦУК: Информација – второ тековно дополнување на информациите за изнаоѓање решение заштитна ограда за безбедност кај провалијата, на Кејот на Вардар во Аеродром во Скопје

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиено известување од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје, во врска со последен допис – повторна иницијатива од ЦУК за остварување на безбедноста на граѓаните кај провалијата (бездната– ископ), на Кејот на Вардар во Општина Аеродром, а и согласно апелите во јавноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Од Секторот на Град Скопје известуваат дека согласно Деталниот урбанистички план на Град Скопје за 2012-2022 година, „минор“ и „мајор“ коритото на реката Вардар е под надлежност на Град Скопје, односно ингеренциите на градот завршуваат со крајот на пешачката патека на „мајор“ коритото. Истото можело да се види во Деталниот урбанистички план за Градска четврт И114 на Општина Аеродром, каде што јасно било обележано кои се границите на надлежностите на Општина Аеродром и на Град Скопје. Исто така, при увид во Агенцијата за катастар, било утврдено дека земјиштето каде што се наоѓа ископот (бездната – провалијата) на земјиштето е во приватна сопственост. При увид на лице место од страна на Град Скопје било констатирано дека се работи за ископ на земјиште за изградба на објект, коешто во моментот е запоставено и затревено. Одобрение за градење за истото издавала Општина Аеродром и било потребно општината да го задолжи сопственикот на земјиштето да го врати во првобитна состојба, односно да се отстрани заканата од одрон и пропаѓање на пешачката патека на „мајор“ коритото на реката Вардар.
Во прилог на известувањето од Секторот на Градот уредно се доставени и материјали за поткрепа на истите податоци: допис од ЦУК од 25.11. 2022 по којшто известуваат, извадок од ДУП за Градска четврт И 14, Фотографии од локацијата од воздух (од „Гогл мапс“) кога парцелата била оградена, сателитска снимка на локацијата и имотен лист од предметната катастарска парцела.
Инаку, ЦУК известува дека ако не се обезбеди просторот кај бездната, провалијата – ископ, на Кејот на Вардар во Аеродром во Скопје, тогаш последователно на тоа ќе иницира и организира координитавна средба на претставници од надлежните институции за дефинитивно да се реши посочениот безбедносен проблем на граѓаните коишто го користат шеталиштето на конкретното место на Кејот на Вардар во Аеродром во Скопје.

Поврзани објави

Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска

Web Administrator

Акцијата за пронаоѓање на исчезнато лице од градот Крушево на возраст од 64 година и денеска продолжува

Web Administrator

ОПАСНА БЕЗДНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе