Кризни ситуации

Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска

Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска, а трае во континуитет од самото пријавување во МВР на 22.12.2022 година. Во текот на денешниот ден во потрагата учествуваат 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 вработените од ТППЕ Крушево, ПО РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци. Повторно ќе се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места. Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.

Поврзани објави

ЦУК: ПОТРАГАТА ПО ЖЕНСКОТО ЛИЦЕ КОЕ СЕ ФРЛИЛО ВО ВАРДАР ПРОДОЛЖУВА ДО ВЛИВОТ НА БАБУНА

Web Administrator

ОПАСНА БЕЗДНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

Web Administrator

Акцијата за пронаоѓање на исчезнато лице од градот Крушево на возраст од 64 година и денеска продолжува

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе