ЦУК-Историја
Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија во мај 2005 година до издадоа Указот за прогласување на Законот за управување со кризи. Претходно, законот го донесе Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 22 април 2005 година. Центарот за управување со кризи, како самостоен орган на државната управа, се формира на 5 октомври 2005 година.
ЕДИНСТВЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ
На формирањето на Центарот му претходеа низа активности во Владата на Република Македонија, Министерството за одбрана и во други државни и образовни структури, кои помогнаа одадминистративен и научно-стручен аспект. Институтот за одбрана и мировни студии при Филозофскиот факултет во Скопје, заедно со Центарот за демократска контрола на оружените сили од Женева, на 15 септември 2004 година организираше тркалезна маса насловена „Управување со кризи“. Во Министерството за одбрана, посебно во Кризниот менаџмент, интензивно се работеше на подготвување на потребните законски регулативи. Овие чекори на Владата на Република Македонија и нејзините органи и тела, беа во насока на обединување на постојните одделни системи за управување со кризи ( превенција, рано предупредување и справување со евентуални кризи), во единствен систем за управување со кризи, со кој ќе се постигне навремено, брзо и координирано дејствување при согледани ризици и опасности, а во контекст на нивните уставни овластувања. Согласно тоа, Владата формираше Управувачки комитет, Група за процена и Центар за управување со кризи. Тие се главните чинители во системот за управување со кризи.
ОФИЦИЈАЛЕН ПОЧЕТОК НА РАБОТАТА НА ЦЕНТАРОТ
На 5-ти октомври 2005 година, во присуство на претставници на државните институции и на меѓународните мисии во Македонија, со пригодна свеченост беше отворен Центарот за управување со кризи. Неговото админстративно седиште се наоѓа на улица „Димитар Мирчев“ бр. 9 (комплекс згради на МВР) во Скопје. Тогашниот министер за одбрана, Јован Манасиевски со пригоден говор симболично го официјализираше почетокот на работата на Центарот. Заменик директорот на Центарот, г-дин Златко Аневски, на присутните гости и на медиумите им ја презентираше првата организациона поставеност на Центарот за управување со кризи. Неколку дена по отворањето, од страна на Владата за директор беше назначен, м-р Агрон Буџаку. По парламентарните избори, од септември 2006 година за нов директор на Центарот за управување со кризи е назначен д-р Панде Лазаревски, чиј мандат завршува април 2010 година. За нов директор на Центарот е избран Тони Јакимовски, а од 30.09.2011 од Влада на Република Македонија е именуван г-дин Зулфи Адили за директор на Центарот за управување со кризи. По изборите летото 2014-та, директорт на ЦУК, г-дин Зулфи Адили, влегува како парламентарец во Собранието на Република Македонија. Потоа, од 09.05.2014, вршител на должноста директор на ЦУК е заменик директорот, г-дин Мутаир Максут…