РЦУК КИСЕЛА ВОДА

Web Administrator

Контакт телефон : 02- 2786741

Седиште : Град Скопје

Населени места : 11 Октомври, Бирарија, Драчево, Кисела Вода, Пинтија, Пржино, Припор, Усје, Чешма и Црниче

Општина Кисела Вода — општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската Котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода во 2002 година, има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници. Центар на неговата општина е истоимената населба. Општината се намалила во Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година по оформувањето на Општина Аеродром кога за првпат била одржана седница на советот на оваа општина.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главно туристичко одредиште во овој регион.

  • Вкупна површина на општина Кисела Вода 46,86 км2
  • Вкупно население 58.216
  • Стапка на природен прираст 4,2%
  • Вкупен број на домаќинства 17.577
  • Вкупен број на станови 20.237
  • Број на населени места (населби) 14
  • Урбани населени места (населби) 8
  • Рурални населени места (населби) 6

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе