Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 22.02.2023 година регистрираше земјотрес 64 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Кичево.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 01 часот и 27 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Кичево и околината.