Итен повик: 112 Официјален портал за известувања и упатства во кризни ситуации

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Упатства и обрасци за поднесување барања за пристап до информации од јавен карактер.

Упатство за поднесување барање
Последно ажурирање: 09 Mar 2026

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.

Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Документи и обрасци
Образец на Барање 2-2
PDF 80.5 KB Образец-на-Барање-2-2.pdf
Преземи