Итен повик: 112 Официјален портал за известувања и упатства во кризни ситуации

Директор

Центар за управување со кризи — раководство

МУХАМЕТ АЛИ
МУХАМЕТ АЛИ
Muhamet Ali
Директор на ЦУК
Биографија / CV

Мухамед Али

Директор на Центарот за управување со кризи

Професионален профил:

Мухамед Али е назначен за директор на Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија во мај 2025 година. Пред преземањето на функцијата директор, Али работеше во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), каде што беше на позицијата помошник-раководител на Секторот за аналитика, процени и стратешко планирање.

Во текот на својата кариера, Али се истакна со својата експертиза во областа на управувањето со кризи, меѓуинституционалната соработка и стратешкото планирање во системот за заштита и спасување. Неговото искуство во аналитичката работа и процената на ризици му овозможи да се стекне со длабоко разбирање на комплексноста на кризните ситуации и потребата од навремена и координирана реакција на државните институции.

Како директор на ЦУК, Мухамед Али ја нагласува својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби, со посебен акцент на унапредување на капацитетите на Центарот, зајакнување на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање на јавноста и брзата реакција во случаи на кризи од различна природа.