Вести

Одржана 51 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

На ден 26.10.2023 година се одржа 51 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на РШ  на седницата  присуствуваа претставници од ЈП Македонија пат секција Кичево, ЈП Комуналец Кичево, касарната Кичево, ТППЕ Кичево и  МЗШВ ПЕ Кичево.

На седницата се дискутираше за  подготвеноста на субјектите на локално ниво за справување со ризиците од појава на поплави, интензивни снежни врнежи, снежни наноси, како и за  преземање мерки за справување во случај на појава на овие видови опасности.

Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска  истакна дека подрачјето на општина Кичево нема голема опасност од  поголеми поплави поради структурата на самата местоположба на градот Кичево освен одредени дивоградби и неколку критични места. Најважно е економските оператори задолжени за зимско одржување на патиштата да бидат добро опремени со механизација  и материјални сретства.

                Општина Кичево извести дека советот на Општина Кичево ја донесе Програматата за зимско одржување на патиштата и почната е тендерската постапка за избор на економски оператори за зимско одржување.  Оваа година територијата на општината   е поделена на пет реони: Осломеј, Зајас, градско подрачје, Другово и Вранештица. Во случај на потреба имаат годишен договор со економски оператор за брза реакција при инфрастурктурни проблеми.

                ЈП Македонија пат секција Кичево има започнато со подготовки и спремнo ја дочекува оваа зимска сезона 2022/2023. Се уште не се донесени Годишниот акционен план  и програма по која работат.. Пункот Пресека  е задолжен за превојот Пресека, на релација од село Другово до Арбиново, а пунктот Кичево е задолжен за патните правци Кичево-Тајмиште, Кичево-Мак.Брод и Кичево-Прострање. Чистењето на патиштата ќе се одвива согласно акциониот план за зимско одржување на регионални и локални патишта. Чистењето се врши според приоритет. Поради благата зима од предходната година имаат ланска залиха на сол и ризла за попесочување на патиштата и од истите се очекува да бидат надополнети. Во однос на механизацијата состојбата е иста, нема нови возила.

ЈП Комуналец располагаат со доволно човечки ресурси и очекуваат дополнителна помош од Општина Кичево во однос на МТС, а механизацијата со која располагаат е во исправна состојба. Располагаат со 3 багери и 1 специјано возило за расчистување на снегот.  Редовно се чистат одводните шахти од атмосферската и фекалната канализација, но проблем прави несовесноста на граѓаните кои фрлаат многу несоодветен отпад и при дожд многу лесно доаѓа до запушување на канализационата мрежа. Проблем истотака претставува изградбата на делови на автопатот каде при интензивни врнежи од дожд доаѓа до лизгање на земјиштето.

                Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

  1. Следење на временската прогноза од УХМР
  2. Програмите за зимско одржување на патиштата  од ЈП Мак Пат и Општина Кичево да се достават до ПО РЦУК Кичево, а РЦУК Кичево во дигитална форма да ги достави до членовите на РШ.

Поврзани објави

Kоординативен состанок за подготовка и согледување на реалните податоци за ресурсите и за можностите на институциите за борба против пожарите на отворен простор

Cuk Editor

Состанок во ЦУК на Националното координативно тело за имплементација на барањата на НАТО

Cuk Editor

Презентирани сите активности коишто беа имплементирани и на терен од Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи „Eco-DRR“, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – (ЈИЦА JICA).

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе