Пожари

Пожари од 04.10.2022 година 08:30 часот до 05.10.2022 година 08:30 часот

Активни пожари

1. Кичево -с.Тајмиште – горела ниска вегетација, дабова шума и букова шума, интервенирале 12 вработени од Национални шуми „Лопушник“, ТППЕ Кичево 2ПП возила и 7 пожарникари, 2 вработени од ДЗС-Кичево и ЈП Македонија Пат база Стража со механизација и работници, од 30.10.2022 година до 05.11.2022година.

2. Македонски Брод- с.Ореовец, с.Русјаци, с.Ижиште ниско деградирана дабова шума и лисната постела, интервенирале 5 лица од ЈП Национални шуми- подружница „Сандански“ и 3 пожарникари со 1 теренско возило од 30.10.2022 година до 05.11.2022 година.

3. Чашка- с. Горно Јаболчиште м.в. Долно Бегово – Биков гроб- гореле пасиште, теренот е целосно непристапен, Исто така, во овој реон во м.в Петте колиби – Јакупица има друг пожар каде горела густа квалитетна букова шума и папрат. ЈП„Национални шуми“ подружница „Бабуна“ во текот на утрешниот ден ке испрати една екипа од пет вработени со трактор. Пожарот е надвор од населено место и нема опасност да зафати некој објект. Од 04.10.2022година до 05.10.2022 година.

Локализирани пожари.

1. Кичево с.Бачиште, букови дрва и нискостеблести растенија,од 30.10.2022 година до 05.11.2022 година.

Изгаснати пожари.

1. Скопје-Аеродром, ул.Димитар Дуриманџовски, ниска вегетација, интервенирале, 1 ПП возило и 3 пожарникари, од 17:20 до 18:30 часот

2. Скопје-Центар, ул. Даме Груев, напуштен објект, интервенирале 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17:00 до 18:00 часот.

3. Битола, с. Цнеец, стрниште, интервенирале 1 ПП возила и 2 пожарникари од 15:50 до 17:00 часот.

4. Прилеп, с.Мажучиште, ниска вегетација, интервенирале 1ПП возила и 3 пожарникари, од 13:10 до 14:14 часот.

5. Струмица, Македонска Куќа на патот Струмица –Валандово, депонија, интервенирале 2 ПП возила и 6 пожарникари и ЈПКД Комуналец Струмица со 2 цистерни и 5 вработени, од 12:40 до 13:35 часот, 5 декари.

6. Струмица, с.Сушево. ниска вегетација и ниви, интервенирале 1 ПП возило и 4 пожарникари, од 16:40 до 17:20 часот.

7. Струмица, селата Куклиш и Свидовица, депонија, интервенирале 1ПП возило и 3 пожарникари од 17:34 до 18:40 часот.

8. Чешиново-Облешево, с.Чешиново, ниска вегетација, интервенирале 1 ПП возило и 2 пожарникари од 12:52 до 14:00 часот, 1 декар.

9. Кочани, Кучичино, запален трев тополи и трска, интервенирале 1 ПП возило 2 пожарникари и два припадници на доброволната противпожарна единица, од 17:10 до 19:00 часот, 2ха.

10. Неготино, селата Долни и Горни Дисан, кај м.в.Споменик, нискостеблеста шума и ниска вегетација, интервенирале, 5 пожарникари и 2 теренски возила, од 11:00 до 14:00 часот.

11. Куманово, с.Добршане, ниска вегетација, интервенирале 1 ПП возило и 3 пожарникари, од 16:20 до 17:50 часот.

12. Гостивар, селата Симница и Церово, ливади 6ха и дабова шума 7ха, интервенирале 4 вработени од НШ „Шар“- Гостивар од 10:00 до 15:30 часот.

Поврзани објави

Пожарот во општина Чешиново – Облешево е локализиран и е ставен под контрола

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Четири активни пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе