Итен повик: 112 Официјален портал за известувања и упатства во кризни ситуации

РЦУК КАРПОШ

Регионален центар за управување со кризи

РЦУК КАРПОШ
Телефон за контакт
02-3092941

РЦУК КАРПОШ

Контакт Тел. 02-3092941 Седиште : Град Скопје Населени места : градските населби: * Влае I, Влае II, Долно Нерези, Жданец, Карпош I, Карпош II, Карпош III, Карпош IV, Козле, Средно Нерези, Тафталиџе I, Тафталиџе II и Трнодол, како и селата: Бардовци, Злокуќани и Горно Нерези Општина Карпош — една од десетте општини во главниот град на Република Македонија, Скопје. Општина Карпош се простира во северозападниот дел од Македонија, централно западен дел на Град Скопје. Општина Карпош на својата источна страна се граничи со Општина Центар, на запад со Општина Ѓорче Петров, на северна страна со Општина Бутел, а јужно се простира падината Водно, каде се простира граничната линија со Општината Сопиште. Карпош има правец на простирање со површина од 35 км2. Според Статутот на Општина Карпош, подрачјето на општината е утврдено со закон. Границата на Општина Карпош почнува од ул. Рузвелтова, па по должина се протега до крај на Булeвар Партизански одреди т.е. до Порта Влае. Општина Карпош е поделена на 14 заедници, од кои 13 се урбани, а една рурална (Бардовци).
Назад кон сите центри