Вести

РАБОТНИ СРЕДБИ ВО ЦУК ЗА КРАЕН ПРИЕМ НА СОФТВЕРОТ ЗА Е 112 ВО ДРЖАВАТА СО ЕВРОПСКИТЕ ИМПЛЕМЕНТАТОРИ

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), под раководство на директорот Стојанче Ангелов започнаа работните средби – процедурата за краен прием на софтверот за Системот за итни повици Е 112 во ЦУК. Работните средби во ЦУК, почнаа на 21.02.2023 година, со високи европски претставници на фирмите имплементатори на овој Европски проект во нашата држава заедно со директорот, раководството на Секторот Е 112 и државни советници во ЦУК и ќе трае до 24 февруари.

Големиот европски проект, преточен во дело, „Е – 112“ во ЦУК, при ова едногодишно функционирање се надоградува „во движење“, согласно потребите и можностите преку менаџирањето на актуелните функционери, директорот Стојанче Ангелов и заменик директорот, Екрем Зендели, а со голема поддршка на Владата и на Европската Унија.

Инаку, аспирациите за можното функционирање на Е-112 и во нашата држава, како и во Европа и Светот, датираат од формирањето на ЦУК од 2005 година, а и пред тоа, поточно од почетокот на функционирањето на 112 во Европската Унија од 1991 година. Но, поконкретните чекори почнаа од 2016-та година преку европски проект за воспоставување на телефонскиот број за итни повици, случаи, Е-112 во рамки на програмата за финансирање „ИПА 2“.

Со тоа, преку Европската комисија, претставувана од Делегацијата на ЕУ во Скопје, со овој проект што сега веќе и една година е реализиран, функционален и се доразвива во ЦУК, се придонесе да се исполни обврската на нашата држава за да се усогласи со европската директива 2008/113/ЕС при пристапните преговори со ЕУ, при што беше предвидено дека Е – 112 треба да биде целосно имплементиран.

Општата цел на тој процес на имплементација беше во насока да се зајакнат капацитетите на соодветните институции, за да се обезбеди континуирана координација, навремена реакција, ефикасно и соодветно искористување на расположливите можности и ресурси во случај на криза, како и навремена, квалитетна и реална проценка на ризици и закани за безбедноста на земјата.

Поврзани објави

Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за управување со кризи

Cuk Editor

РАБОТНА СРЕДБА НА АНГЕЛОВ СО ПАРТНЕРИТЕ ОД САД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РЕГИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊ НА БАЛКАНОТ“ ВО ЦУК

Cuk Editor

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР И НЕВРШЕЊЕ ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ПО ОСНОВ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ 01 09 2023

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе