Сервисни информации

Почувствуван земјотрес во Штип

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 29.03.2023 година регистрираше земјотрес 72 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 2 часот и 41 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Поврзани објави

Крводарителни акции

Cuk Editor

Електроснабдување

Cuk Editor

Крводарителни акции

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе