ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 04.05.2023 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од ул.Коста Новаковиќ бр.20 и 22 и од ул.Васко Карангелевски бр.13; Од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од улиците Сотир Томовски, Водоча, Гаврил Константиновиќ и Мите Богоевски (опш.Аеродром – Скопје);
- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул.Живко Фирфов во Драчево (опш.Кисела Вода);
- Од 09:30 до 10:30 часот и од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Волково (опш.Ѓорче Петров – Скопје);
- Од 09:30 до 10:30 часот и од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Кондово (опш.Сарај – Скопје);
- Од 09:30 до 10:30 часот и од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од с.Кучевиште (опш.Чучер Сандево – Скопје);
- Од 08:00 до 15:30 часот, корисниците од селата Љуботен и Раштак, горниот дел од с.Булачани – патот кон с.Раштак, горниот дел од с.Љубанци и делот кон с.Љуботен и Космофон Љуботенски пат (општини Бутел и Гази Баба – Скопје);
- Од 07:30 до 18:30 часот, дел од Мини сервисна зона, Бабуш компани и Миса маркет; Од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од селата Теферич, Шум, Заграчани и Вишни (опш.Струга);
- Од 08:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од Никуљски пат ул.1, нас.Карпош и од улиците 140, 141, 144 и 147; Од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од с.Лојане (опш.Куманово);
- Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Седек Костоски (опш.Гостивар);
- Од 07:00 до 09:00 часот, корисниците од бул.Ленинова – спроти Основен Суд Струмица, Фонд за здравство ПЕ Струмица, Министерство за труд и Социјална политика ПЕ Струмица, Министерство за Водостопанство и шумарство ПЕ Струмица, нотари и адвокати во зградата до шумско, Шпаркасе банка, малата Пошта, ресторан ЛаТераса, сите продавници во зградата на социјалното, клуб Аватар и сите продавници и кафе ресторани на ул.Благој Јанков Мучето во потег од НЛБ Тутунка банка до тобако Корзо (опш.Струмица);
- Од 07:30 до 16:00 часот, корисниците од селата Отошница, П’клиште, Герман, Нерав, Станча и Гулинци (опш.Крива Паланка);
- Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од с.Кадрифаково, Нико 2002, Млин Ивана, Кадрифаково наплатна и Слога Кадрифаково – Лебед; Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од селата Габер, Оџалија и Радање, Тапков Мите и Блаже Сандев (опш.Штип);
- Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул.Киро Ќучук и дел од улиците Александар Несторов, Белградска и Тодор Јанев (опш.Велес);
- Од 11:00 до 12:00 часот, зградата на ЕЛС Ресен, амија и објекти лоцирани околу паркингот на ЕЛС Ресен (опш.Ресен);
- Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од селата Ново Село Шар, Урвич, Јеловјане, Селце, Кеч (опш.Тетово);
- Од 06:30 до 12:00 часот, индустриските корисници од источниот дел на Валандово (Ладилник, Визба, Детска градинка, Ватекс, Рико, Пожарна, Империјал, автосервис Мите …) и целата индустриската зона Раброво, како и делот од Валандово од старото Собрание кон ул.Орце Николов (опш.Валандово);
- Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул.Влатко Миленковски (опш.Битола).