ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 27.07.2023 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул.Македонско косовска бригада и од улиците 8, 10, 20, 23, 25 и 29, Идадија инженеринг и уличките околу Идадија инженеринг (опш.Шуто Оризари – Скопје);
- Од 08:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Маршал Тито, зграда помеѓу Мома и занаетчиски дом, А1, Мтел, Т Мобиле и Моби 3 (опш.Куманово);
- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас.7ма Зона; Од 06:30 до 15:00 часот, корисниците од селата Печково, Долно и Горно Јеловце, Вруток, Речане, Ново Село, Сретково, Церово, дел од с.Равен, асфалтни бази и каменоломи на регионален пат Гостивар – Кичево; Од 07:00 до 13:00 часот, корисниците од селата Куново и Трново (опш.Гостивар);
- Од 07:00 до 14:00 часот, корисниците од селата Борино, Селце и Белушино (опш.Крушево);
- Од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од град Тетово, МХЦ 4 и објекти кои се наоѓаат во Горно Маало, Горна Шаршија и Купеник; Од 10:00 до 10:30 часот, корисниците од дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат кај т.н.Дамаск, објекти кои се наоѓаат кај Детска Градинка Тетекс; Од 07:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Селце, објекти кои се наоѓаат на патот кон с.Вејце (опш.Тетово);
- Од 06:30 до 14:00 часот, корисниците од улиците Благој Јосмоф, Славјанска, Јовче Ќучук и Орце Шутев (опш.Велес);
- Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата Панчарево, Сува Река, Црник и Негрево, млин Негрево, индустриска зона Пехчево, Ветеринарна станица, Андон Компани, Пелетара Макс Транс и Пилана Агро Јане (опш.Пехчево);
- Од 05:30 до 13:00 часот, корисниците од источниот дел на Валандово над полицијата до населба околу ул.Орце Николов и индустриските корисници – Ладилник, Визба, Детска градинка, Ватекс, Рико, Пожарна, Империјал, автосервис Мите … и целата индустриската зона Раброво (опш.Валандово).