ВестиПожари

Превентивни активности за заштита од пожари на Регионалниот штаб за управување со кризи Свети Николе

Превентивните активности за заштита од пожари на отворен простор на територијата на општините Свети Николе и Лозово беше спроведена во согласност со одлуката за Регионалниот штаб за управување со кризи Свети Николе каде се формира тим за превенција од претставници од повеќе институции, од раководителот на штабот на РЦУК Свети Николе, од ОВР Свети Николе, претставници од ЈП „Национални шуми“ ПШС „Шумарство“ Свети Николе, ТППЕ Свети Николе и Шумска полиција – Штип, а истата беше поддржана од општините Свети Николе и Лозово.

Паралелено овие активности се во рамките на оперативниот план за превенција од пожари на СВР Штип – ОВР Свети Николе и планот за заштита на шумите на ПШС „Шумарство“ Свети Николе и Шумската полиција од Штип. Тимот изврши посета на населените места на кои се разговараше со граѓаните за опасностите од пожарите на отворен простор, се поделија флаери и се залепија плакати, а на локалните медиуми се емитува соопштение за забраната за палење на оган на отворен простор и за опасноста од пожарите.   

Поврзани објави

Пожарот во општина Чешиново – Облешево е локализиран и е ставен под контрола

Cuk Editor

Презентирани сите активности коишто беа имплементирани и на терен од Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи „Eco-DRR“, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – (ЈИЦА JICA).

Cuk Editor

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и претседателот на мрежата на македонските доброволни противпожарни друштва Кирил Михајлов, од 14 до 16 јануари 2025 година во Дубаи учествуваа на Глобалниот настан за подигнување на јавната свест, превенција, обуки и опрема за противпожарна заштита

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе