Сервисни информации

Електроснабдување

ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 09.08.2023 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:

  • Од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од ул.Ѓорче Петров во непосредна близина на поранешната зграда на Општина Ѓорче Петров, кај Пензионерскиот дом Ѓорче Петров и КАМ Маркет кај кружниот тек во близина на СП Планет (опш.Ѓорче Петров – Скопје);
  • Од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од селата Куново и Трново; Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Сенокосе – област на излез од селото (опш.Гостивар);
  • Од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од нас.Долно Коњаре; Од 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците од селата Лопате и Опае, Корп Проект и Опае Млин (опш.Куманово);
  • Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од ЗИК Млекара и ЗИК Ладилник во Тетово; Од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улиците Андреја Стојановиќ, К.Р. Дрнц и Боро Вулиќ; Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата Раотинце, Копанце и Туденце (опш.Тетово);
  • Од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од ул.Царевоселска и дел од улиците Индустриска, Кеј на Брегалница, Острец и Маршал Тито и Сервисна Зона Делчево (опш.Делчево);
  • Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од ТЦ Мак Стил и Станички Пат (опш.Свети Николе);
  • Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата Косевица, Саса, Ристовци, Требеш, Мечкаре, Павлиш Дол, Маврово и Костин Дол (опш.Македонска Каменица);
  • Од 09:15 до 15:30 часот, корисниците од селата Златари, Сопотско, Кривени, Лева Река, Крушје и Избишта,  дел од с.Јанковец, Компостара, Бензинска пумпа Виена Петрол, Пумпи за вода с.Крушје и предаватели с.Крушје (опш.Ресен);
  • Од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул.Васил Сурчев кон ТЦ Глобал, и корисниците од дел од улиците Жртви на фашизмот и 24ти Октомври (опш.Струмица);
  • Од 06:30 до 14:30 часот, корисниците од ул.Борка Талески – дел кон ул.Круме Спиркоски и дел од ул.Владо Стојаноски (опш.Прилеп);
  • Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од с.Древеник,  А1 Космофон с.Древеник и МВР Предавател с.Древеник (опш.Битола).

Поврзани објави

Крводарителни акции

Cuk Editor

Електроснабдување

Cuk Editor

Крводарителни акции

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе