Пожари

Пожари на отворен простор

БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции:

Во период од 13:57 до 18:30 часот, со 2 ПП возило и 5 пожарникакри интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Визбегово(опш.Бутел); Во период од 14:20 до 15:00 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на ул.Радушка бб(опш.Ѓорче Петров);

Во период од 15:00 до 17:20 часот, со 3 ПП возило и 7 пожарникари интервенирале стовариште за палети ул Борис Трајковски бб (општина Кисела Вода); Во период од 16:50 до 18:20 часот, со 1 ПП и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на автопат Скопје-Велес.

Во период од 20:55 до 22:30 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснеле запалено стрениште во с. Брњарци (опш. Гази.Баба). Во изминатото деноноќие имал уште една помала интервенција.

                ТППЕ Битола во период од 19:25 до 22:10 со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале дрва и бандера во близина на с. Бач. Во период од 15:20 до 18:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале запалена ниска вегетација во близина на с. Брод (опш.Новаци), Во период од 18:15 до 19:40 часот со 3 ПП возила и 6 пожарникари гаснале запалена ниска вегетација во близина на Ергелата, (опш. Новаци),

                ТППЕ – Демир Хисар, во период од 14:00 до 15 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале запалено ниска вегетација и ѓубриште во атар на с. Прибилци.

                 ТППЕ – Прилеп, вопериод од 11:35 до 12:55 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале запалена ниска вегетација во атарот на с. Дебреште према село Лажани.

                Во период од 12:50 до 15:50 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале ниска вегетација во с. Житоше.

  •                 Во период од 13:12 до 15:45 часот со 2 ПП возила и 8 пожарникари и месно население и ЕЛС Долнени со еден багер гаснале плевна во с. Житоше.
  • Во период од 14:10 до 15:40 часот со 3 ПП возила и 8 пожарникари гаснале ниска вегетација над бензиската на Лукоил, над патот према боровата шума, Спречено е пожарот да се рашири во боровата шума. Останати се 3 лица од Национални шуми за контрола.

                ТППЕ Куманово од 14:30 до 17:35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале ниска вегетација во с.Умин Дол-Куманово

                Во период од 15:14 до 17:15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале ниска вегетација во близина на Мак Петрол-Куманово.

                Во период од 13:55 до 14:25 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале запалена ниска вегетација покрај автопатот Куманово-Скопје,

                Во период од 13:15 до 17:45 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале ниска вегетација,стерниште во с.Романовце опожарена повершина околу 1000м2 .

                Во период од 11:25 до 15:05 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале ниска вегетација , стерниште во место Агино Село.

                Во период од 21:30 до 22:30 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари гаснале ниска вегетација на местото Пчински пат.

                ТППЕ Охрид во период од 16:45 до 17:25 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале запалено стрениште кај „Андон Дуков“блиску болницата  „Св.Еразмо“

                Во период од 21:15 до 22:00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале запалена пилевина во с. Горенци од страна на Аеродромот.

                ТППЕ Велес во период од 17:02 до 18:20 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале ниска вегетација, трња и неколку дрва багрем на Автопат Велес Скопје.

                ТППЕ Свети Николе во период од 13:30 до 15:10 часот со 2 ПП возила и 5 пожарникари и една цистерна на ЕЛС Лозово и 4 лица од месното население гаснале бали слама, багремова шума и стрниште. во с. Сарамзалино (опш.Лозово),

                ТППЕ Штип во изминатото денонќие имале две помали интервенци на запалена ниска вегетација во близина на населба Пребек стара депониа, и во близина на објектот Еко оаза (опш.Карбинци)

                ТППЕ Струмица во период од 22:00 до 23:00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале запалена ниска вегетација во близина на с. Собри (опш.Валандово), Во период од 21:16 до 21:56 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари гаснале ниска вегетација и грмушки во близина на железничка станица с. Прдејци (опш.Гевгелија)

Поврзани објави

Пожар на отворен простор

Cuk Editor

Пожар во атар на селата Брзак и Умин Дол

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе