ТППЕ Прилеп од 15:45 часот на ден 14.08.2023 година интервенира на пожар на запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума во атарот на с.Дебреште и с.Кошино (ЕЛС Долнени) во гаснењето на пожарот интервенирано е со 4 пожарникари со 1 ПП возило, 5 лица од ЈП Национални шуми и 10 жители на селото. Поради брзото ширење на пожарот интервенирано е и со 3 авиони на ДЗС кои направиле по 2 прелети. Зафатена е површина од околу 20 ха. Пожарот е сеуште активен.