ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 22.08.2023 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Грачани (опш.Ѓорче Петров – Скопје);
- Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците Карл Маркс и Питу Гули на Горобински Пат (опш.Свети Николе);
- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од селата Шопско Рударе, Коњух и Димонци (опш.Кратово);
- Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од с.Ново село, Ново Село Шар, Селце Кеч, дел од извод Боговиње; Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од Голема Речица, дел од с.Калник (опш.Тетово);
- Од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од с.Ново Село лоцирани од влезот на селото од страна на с.Сушица се до реката и кон ресторан Мичел, како и поранешните фабрики „Пирин“ и “Треска“ (опш.Струмица);
- Од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од селата Врбоец, Милошево, Св.Митрани, Бучин, Пресил и Воѓани, фирма Орбита Табак и Тутунски комбинат СЕКЕ (опш.Крушево);
- Од 09:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Маврово (опш.Гостивар);
- Од 09:20 до 14:00 часот, корисниците од с.Огут (опш.Крива Паланка);
- Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с.Марена – на патот кон Кавадарци (опш.Кавадарци);
- Од 08:50 до 14:00 часот, корисниците од с.Двориште, Туртела, Гараган, Умленски колиби, Населба Суви Лаки, дел од с.Ратево (опш.Берово);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Радолишта, населба Теферич, како и сите потрошувачи од селата Заграчани, Шум и Вишни, ХПП Вишни 1 и Вишни 2 и База Заграчани (опш.Струга);
- Од 07:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Пенка Котеска – кон Сирената и од ул.Добре Иваноски (опш.Прилеп);
- Од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од викендиците во с.Стрезовце (опш.Куманово).