Пожари

Пожари на отворен простор

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера (13.09.2023 година, среда), имало вкупно 30 пожари на отворено, од коишто се изгаснати 25, според добиените известувања до утрово во Секторот за операции и координација во ЦУК.

Активни пожари има пет (5), според известувањата до утрово, во:

  • Општина Битола 1 пожар с.Новаци (каде што гори ниска вегетација и стрниште);
  • Општина Долнени 2 пожара, с.Рилево (ниска вегетација и деградирена шума) и с.Кошино (ниска вегетација и деградиране шума);
  • Општина Гостивар, 1пожар помеѓу селата Горно Јеловце, Долно Јеловце и Дебреше (пасишта) и во
  • Општина Куманово, 1 пожар спроти Мотел Романовце автопат Куманово-Скопје (каде што гори ниска вегетација);

Изгаснати се 25 пожари на отворено, од коишто пет на територијата на Град Скопје.

Заради големиот интерес за пожарите на територија на Град Скопје, (пет пожари) коишто се гледаа од и покрај згради во градот, денеска ја пренесуваме информација на Регионалниот ЦУК Скопје со вкупните противпожарни дејства на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје врз пожарите на отворено: во период од 11:20 до 13:30 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале во гасење на запалена ниска вегетација и отпадоци на површина од 3.000 м2 во населбата „Илинден“ (Општина Илинден); од 13:10 до 15:30 часот со четири ПП возила и 11 пожарникари интервенирале во запалена ниска вегетација на површина од два хектара на ул. „Љубланска“ (Општина Карпош); од 13:55 до 14:55 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале врз запалена ниска вегетација и грмушки во населеното место Трубарево (Општина Гази Баба); од 16:20 до 18:20 часот со две ПП возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, куќа и сандаци за пчели на површина од 10 хектари во населеното место Лисиче (Општина Аеродром), и во период од 16:30 до 17:50 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и отпадоци во двор од куќа во месноста „Бутелски Венец“ (Општина Шуто Оризари).

Другите пожари на отворено (20) во државата биле во:

  • Општина Прилеп 4 пожари, покрај ул. „Леце Котески“ кај затворот (ниска вегетација), кај Фабриката „11 Октомври“ (трва и отпадоци), с.Црнилиште (стрниште), с.Забрчани (ниска вегетација);
  • Општина Кривогаштани 1 пожар, с.Боѓани (ниска вегетација и отпадоци);
  • Општина Струмица 1 пожар, с,Бориево (ниска вегетација и пластеници);
    -Општина Кичево 2 пожари, с.Арангел (ниска вегетација и стрниште), и с.Туин (ниска вегетација и стрниште);
  • Општина Струга 3 пожари, кај „АС“ кампот, кај река Сатеска (стрниште), с.Долно Белича (стрниште), и с.Подгорци (стрниште);
  • Општина Куманово 2 пожари, с.Никуљане (ниска вегетација), и с.Ваксинце (ниска вегетација и стрниште);
  • Општина Липково 1 пожар, с.Никуштак (ниска вегетација);
  • Општина Крива Паланка 1 пожар, с.Градец (ниска вегетација, ниско стеблеста шума, багрем, бор и овоштарници);
  • Општина Ранковце 1 пожар, с.Опила (ниска вегетација и багрем);
  • Општина Тетово 3 пожари, с.Дебарце (депонија), автопатот Тетово-Гостивар кај с.Боговиње (стрниште) и с.Ларце (ниска вегетација) и во
  • Општина Чашка 1 пожар – помеѓу с.Долно Јаболчиште и с.Дреново (каде што горела нискостеблеста деградирана шума и дабова шума).

Поврзани објави

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе