Пожарот на депонијата во с.Алинци, Општина Прилеп е сеуште активен и истиот се контролира од ЈП-Комуналец со 3 цистерни и 1 градежна машина која прави појас. Со 3 камиони од ЈП Комуналец се носи градежен отпад помешан со земја и се засипува опожарена површина. Според последните информации добиени во утринските часови депонијата сеуште чади.
Од ТППЕ Прилеп известуваат дека околу 04:40 часот на ден 28.09.2023 година започнат е пожар на запалена ниска вегетација и ниска деградирана шума во атар на с.Небрегово, Општина Долнени. Во гаснењето на пожарот интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило.