Пожари

Пожари на отворен простор

Вчера од 11:40 часот започнат е пожар во атарот на с.Подвис (општина Кривогаштани), и поради ветер е проширен и навлезен во шума. Истиот се движи во правец на селата Алдинци и Норово (општина Крушево). Во текот на вчерашниот ден интервенирале ТППЕ Кривогаштани со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ТППЕ Крушево со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ТППЕ Прилеп со 2 пожарникари и 1 ПП возило, 15 вработени во ЈП Национални шуми – подружница „Липа“ Крушево со 1 ПП возило и 10 лица од месно население. Во 19:45 часот од страна, командирот на ТППЕ Крушево известил дека поголем дел од пожарот е изгаснат, и дека гори уште мал дел спрема с.Норово, на непристапен терен и дека екипите се повлечени од терен.

                Со гаснење ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

                Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, м.в.Аргулица, пожарот е сеуште активен. Интервенирале екипи од ТППЕ Македонски Брод и ЈП Национални шуми – подружница „Сандански“ Македонски Брод. Во текот на вчерашниот ден од 11:00 до 13:00 часот, интервенирал авион на ДЗС, а од 13:00 до 15:00 часот, интервенирале и хеликоптери на МВР.

                Од ЈП Национални шуми – подружница „Бабуна“, Велес, известуваат дека вчера од 16:25 часот, започнат е пожар над с.Горно Јаболчиште (општина Чашка). Опожарена е сува трева во сеча, но пожарот се шири кон висококвалитетна шума кон м.в.Ламја. Поради непристапноста и оддалеченоста на местото на пожарот, ЈП НШ Бабуна известиле дека ќе испратат екипа на интервенција во текот на утринските часови. Од страна на РЦУК Велес, известени се сите субјекти во Системот за Управување со Кризи.

                Од утринските часови, на терен ќе оди екипа од ЈП НШ „Бабуна“, Велес.

Поврзани објави

29 пожари на отворено во последното деноноќие, 7 се уште се активни

Cuk Editor

Пожарот кај Богданци во м.в. Брдаров камен е локализиран

Cuk Editor

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе