Пожари

Пожари на отворен простор

Пожарот во Општина Македонски Брод, кој започна на ден 28.09.2023 година, од 15:30 часот,  во атарот на с.Белица, м.в.Аргулица(под Солунска Глава), сеуште е активен. Гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е скоро невозможно за пристап од лица за гаснење. Во текот на вчерашниот ден интервенирале екипи од 2 лица од ТППЕ Македонски Брод. Денес не се дејствуваше со против пожарни летала.

 Пожарот кој започна во 18:26 часот на ден 06.10.2023 година на планина Серта атар кон с.Селце. Екипи на ТППЕ-Штип, ШС Серта -Штип како и еден хеликоптер на МВР  имале интервенција во гаснење на пожар на нискостеблеста  шума  на планината Серта, атар на село Селце. Пожарот е сеуште активен но е ставен под конторла. Моментално од терен се повлечени сите екипи, а во раните утрински часови екипа на ТППЕ Штип ќе се упати на местото на пожарот со цел за негово целосно гаснење. За време на интервенцијата околу 09,30 часот еден припадник на ТППЕ Штип беше исчезнал. За овој настан беа информиран ЦИК – СВР Штип, ШС Серта- Штип и Аеро клуб –   Штип со цел да се помогне во потрагата по истиот. Исчезнатиот пожарникар во 14,15 часот е пронајден жив со што потрагата е завршена. За овој настан на терен беа ангажирани 13 припадници на МВР – СВР Штип, 14 пожарникари од ТППЕ – Штип, 2 вработени од ШС Серта Штип, 5 ловџии, 1 цивилно лице со дрон, 10 теренски возила 1 хеликоптер на МВР и 1 авион од Аеро клуб –   Штип.

ТППЕ Штип во 18:15 часот имаат интервенција на запалeна дабова шума и ниска вегетација на просторот помеѓу селата Љуботен и Калапетровци. Во гаснењето на пожарот учествуваат 10 пожарникари со 2 теренски возила и 1 ПП возило.Пожарот уште е активен(општина Штип).

ТППЕ Штип, ТППЕ Пробиштип и ТППЕ Кочани од 21,00 часот интервенираат на просторот помеѓу селата Гајранци и Горно Трогерци. На терен се присутни 22 пожарникари со 3 теренски возила и 2 ПП возила. Гори сува трева, трње, грмушки и деградирана нискостеблеста шума.

Од 23:05 часот  часот пожарот кај с.Света е на околу 1,5 км од селото и според интензитетот нема опасност по селото. Од другата стана  пожарот се движи по сртот на ридот меѓу општините Крушево и Демир Хисар. На терен има само 3 пожарникари од ТППЕ Демир Хисар со 1 ПП возило кои остануваат на пожарот. Командирот на ТППЕ Демир Хисар во содејство со месното население формираат заштитен појас кои ќе дејствуваат во текот на ноќта доколку пожарот дајде блиску до селото.

Утрово од 04.30 часот екипа од 10 гасначи од  ЈП Национални Шуми ШСЕ „Бигла“ од Демир Хисар ќе интервенираат на пожарот.

За пожарот е информиран градоначалникот на Демир Хисар и сите релевантни институции и е договорено утре наутро да се одржи состанок на кризниот штаб за да се утврди кои мерки ќе се превземата за справување со пожарот(општина Демир Хисар).

Поврзани објави

Пожари на отворен простор

Cuk Editor

Активни пожари 26.7.2024

Cuk Editor

Пожар во атар на селата Брзак и Умин Дол

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе